„ ЕЛЕКТРМОТОРИ ДООЕЛ “ увоз-извоз

Друштво за промет и услуги ул. „Мајаковски“ бр.3 , локал 4 , 1000 СКОПЈЕ , Македонија ; Дан.број МК4044011505378

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА РОКОВИ НА ИСПОРАКА НА ЕЛЕКТРОМОТОРИ: ИСПОРАКА ЗА САМО 7 дена на трифазни кафезни електромотори со снаги од 0,25 до 200 КW и број на вртежи : 3000, 1500, 1000 и 750 врт/мин.                                       НОВО: Ги застапуваме БАРТЕК ВАРНОСТ кои произведуваат електромотори во противексплозивна заштита како и ОЛИ ВИБРАТОР кои произведуваат вибраторски електромотори.
За Нас

„ ЕЛЕКТРОМОТОРИ ДООЕЛ“ увоз-извоз, иако е младо друштво , во суштина е продолжение на една повеќедецениска традиција со бавење со оваа дејност . Таа приказна има зад себе 30 години континуирана и многу успешна работа на пласманот и практичната примена во експлоатацијата на овие простори на производите од фабриката „СЕВЕР“ од Суботица. Затоа продолжуваме со набавка и продажба на производи од погонската техника , наменети пред се за индустријата, но и за енергетиката, градежништвото, земјоделството , широката потрошувачка и др. И тоа производи од повеќе реномирани светски имиња од оваа област.

Од производите пред се ги нудиме следните :

- ЕЛЕКТРОМОТОРИ
- РЕДУКТОРИ ( ПРЕНОСНИЦИ)
- ПУМПИ
- РЕГУЛАТОРИ НА БРЗИНА НА ВРТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОМОТОРИ
- АКУМУЛАТОРСКИ КОЛИЧКИ
- РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ ЗА СИТЕ НАВЕДЕНИ ПРОИЗВОДИ

На ваше располагање сме за испомош при изборот на секој од овие производи, се со цел да се избере производ кој при неговата примена ефикасно ќе ја извршува својата работа . Во таа смисла ја имате и нашата техничка поддршка и при експлоатацијата. Нашето искуство , професионалноста и посветеноста на оваа работа, конзистентноста , стабилно изградените односи со нашите добавувачи-производители , е ваша гаранција дека од нас ќе добиете квалитетен производ, по прифатливи цени и рокови на испорака.